Штипскиот градоначалник додели 20 стипендии на учениците од текстилно училиште

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев денеска им ги додели решенијата за стипендии на 20 ученици од средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“.

Учениците од прва година, информира Захариев, секој месец ќе добиваат по 2.000 денари, како стипендисти, со цел да се мотивираат и останатите ученици да се запишат во оваа училиште.

- Денеска им ги дадовме решенијата, утре ќе ги добијат стипендиите за четири месеци. Мојата желба е се запишуваат што повеќе деца, бидејќи работа за нив секојпат ќе има. Во ТИР зоната и во другите зони во градот текстилните фабрики растат се шират. Тие се гордост на нашиот град и им треба стручна работна рака.Верувам дека со овој чин општината има навистина интерес да му помогне на стопанството. Убеден сум дека децата сфатија дека сме сериозни и со примерот кој ќе го дадат како добри ученици ќе бидат пример и за останатите, вели Захариев.

Директорката на СОУ „Димитар Мирасчиев“, Цветанка Красиќ вели дека се благодарни на градоначалникот и на членовите на Советот, кои ја донесоа одлуката за стипендирање на учениците во прва година со цел да се мотивираат и да се запишуваат во најстарото текстилно училиште во источна Македонија.

Учениците сметаат дека со месечните стипендии кои ќе ги добиваат на овој начин ќе им помогнат и на своите родители, со тоа што со овие пари ќе си ги купуваат потребните училишни материјали. 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега