Ммммм...БиМилк со два нови вкуса за љубителите на фит јогуртот

За сите оние кои се грижат за своето здравје, водат активен живот и со внимание ја избираат својата храна, Бимилк пласираше на пазарот два нови вкуса на познатиот Фит јогурт: Фит јогурт со мед, ореви и житарици и Фит јогурт со тиква и цимет.

Фит јогуртот содржибогатството на протеини и ниското ниво на масти и калории што го прави идеален избор за оние кои сакаат да бидат во добра форма, здрави и витки. Новите вкусови се збогатени со хранливи состојки кои ја зголемуваат нутритивната вредност на Фит јогуртот и им овозможуваат на потрошувачите поголем избор.

Фит јогуртот со мед, ореви и житарици и Фит јогуртот со тиква и цимет се достапни во практични пакувања од 150 г. кои содржат 11,25г. протеини и 2% млечни масти.

 

Современиот и динамичен животен ритам секојдневно ни го оттежнува изборот на здрава и балансирана исхрана. Токму затоа Фит јогуртот е одличен избор не само за оние кои редовно спортуваат и внимаваат на квалитетот на храната која ја конзумираат, туку и за сите оние кои во трка со времето едвај наоѓаат момент за вкусна и „лесна“ ужина. 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега