Хурем ќе плати казна од 800.000 евра?
Турската актерка Мерием, кај нас позната како Хурем од турската серија „Величенствениот“, се соочува со казна од 800.000 евра.
Имено, таа треба да плати волку голема сума на пари поради договорот кој со продуцентската куќа го потпишала пред снимањето на серијата, а освен големата парична казна таа нема да смее да глуми ни во серија на конкурентна телевизија.
Кога ја примаше наградата за најдобра актерка во Турција, таа изнесе куп критики за траењето на епизодите од Величествениот од околу 2 часа и апелираше тие да траат само 45 минути.
- Шефовите се бесни што ја исмеа нивната работа, а тие од неа направија ѕвезда. Ја сметаат за неблагодарна и размазена, велат турските новинари.