Викенд временска прогноза: Небото се отвори - дождот не престанува

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд и снег со послаб интензитет кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец особено во источните делови и долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до четири и дневна до девет степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

Во понеделник времето ќе биде значително студено, на повеќе места со силен северен ветер, особено во понеделник и во вторник ќе дува засилен до силен северен ветер.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега