Македонците во Албанија ќе собираат помош за поплавените подрачја во Македонија

Македонците во Албанија се организираат за собирање помош за поплавените подрачја во Македонја. 

Нико Китани од Комитетот за малцинства упати апел до сите македонски здруженија да се приклучат кон оваа хуманитарна акција. 

- Апелирам до сите Македонци и македонски организации во Албанија да се приклучат кон хуманитарната акција за помош и ублажување на последиците од поплавите во Македонија. Ги повикувам сите да се вклучат кон оваа хумана акција за да му помогнеме на населението во погодените региони и во рамки на своите можности да ја покажеме својата хуманост и солидарност, истакна Китани.

Апел упати и македонското друштво „Илинден“ од Тирана. - Да ја потврдиме хуманоста по која е познат нашиот македонски народ зашто секому може да му се случи. Да помогнеме со што помасовно учество во акцијата, порачува Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега