Исчистен одронот на патот Катланово - Велес

Одронот на патниот правец Катланово - Велес после наплатната станица Сопот е исчистен, но сообраќајот превентивно се одвива по една лента во должина од 200 метри, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.

Оттаму препорачуваат внимателно возење и на обиколницата на Скопје, односно на 7-миот километар кај Смилковци каде е излеана вода на коловозот во должина од 10 до 15 метри. Поставена е соодветна сигнализација, но на возачите им се препорачува да ја прилагодат брзината до 30 километри на час.

Поради свлечиште отежнато се одвива и сообраќајот на патниот правец Страцин - Крива Паланка. Зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. 

Сеуште прекин во сообраќајот има на патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења. Сообраќајот се пренасочува преку Виница - Берово - Делчево.

Поради голем одрон забрана за сообраќај има и на патниот правец Македонски Брод-Скопје, поточно Близанско - Козјак на 1,6 км после браната. 

Прекини има и на патните правци Марвинци – Гевгелија, Кочани – Зрновци и Тработивиште - Разловци, Киселица – Злетово, локалниот пат за село Покрајчево, регионален пат од с.Тополчани кон с.Клепач и патниот правец Битола-Старавина, односно осум километри пред селото Новаци.

Поради појава на магла, видливоста е намалена на 50 до 100 метри на патот Кратово – Пробиштип, а врнежи од снег има во Крива Паланка, Делчево и на планинскиот премин Буково.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега