ФОТО: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со хуманитарна акција за поплавените подрачја

Преку 4000л флаширана вода и 100-тина пакети средства за дезинфекција и за лична хигиена , денес, до собирниот пункт на Црвениот крст во Момин Поток доставија Претседателството на Градскиот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со претседателите на скопските општински комитети на УЖ.
Хуманитарната акција која се одвиваше во текот на изминатиот ден во сите општински комитети на оваа партија и во која се вклучија речиси сите членови од Унијата на Жени на ВМРО ДПМНЕ, имаше единствена цел-да им се помогне на погодените граѓани во регионите во Република Македонија коишто се оштетени од поплавите.
-Секој од нас треба да биде свесен дека во тешките моменти, каков што е овој, со кој се соочуваат голем број на семејства од источниот дел на нашата земја, поддршката значи многу. Да се помогне на оној кој е во неволја значи да се биде свесен и одговорен, да се биде голем и хуман и ние, како народ, многу пати досега сме покажале дека ги поседуваме овие доблести. Овој пат, се работи лица кои се од нашата земја, кои можеби и ги познаваме, а кои поради големото невреме и поплавите, останаа без дом, останаа без сето она што го создавале за себе и за своите поколенија. Токму затоа, Градскиот комитет на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, заедно со сите скопски општински комитети на УЖ на оваа партија, помеѓу своите членови иницираше акција за донирање на флаширана вода и средства за лична хигиена, кои во моментов им се најпотреби на лицата во загрозените подрачја. Задоволни сме од масовниот одзив на нашиот повик за хуманост, за што посебно би сакале да им се заблагодариме на сите членови на скопските општински комитети на  Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ,кои веднаш излегоа со свои донации и се надевамедека нивниот чекор ќе биде следен и од другите наши сограѓани- истакнаа членовите на  Претседателството на Градскиот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно, имајќи предвид дека за санација на штетите, на овие граѓани ќе им бидат потребни и финансиски средства, голем број од членовите на скопските општински комитети на Унијата на Жени на ВМРО ДПМНЕ, донираа и финасиски средства на жиро сметките на Црвениот крст, но и на телефоните за донации на сите три мобилни оператори.
 
За потсетување, телефоните на кои со едно свртување се донира по 100 денари за лицата загрозени од поплавите се 075/ 143 400 за корисниците на Оне; на 070/143 400 за корисниците на Т-Мобил и на 077/ 143 400 за корисниците на Вип. Заинтересираните фирми и граѓани  можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош – жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, или жиро сметката на Црвениот крст која е отворена во Еуростандард банка: 370011200006379.
 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега