Граѓанската иницијатива за високо образование го поздрави дијалогот на Владата со студентите

Граѓанската иницијатива за поддршка на квалитетот на знаењето во високото образование ја поздрави средбата на премиерот Никола Груевски со претставниците на Студентскиот пленум, на Професорскиот пленум и на Сенатот на УКИМ.

Иницијативата, како што се наведува во соопштението, го поздравува и враќањето на дијалогот и конструктивниот пристап во процесот како единствено прифатливи механизми за надминување на проблемите во академската заедница.

- Граѓанската иницијатива е убедена дека подадената рака за враќање на дијалогот и постигнатата согласност за одложување на примената на неколку одредби од Законот за високото образование не значат отстапување од зацртаната политика за подобрување на квалитетот во високото образование во земјата. Средбата значи дека е постигнат консензус меѓу сите засегнати страни за неопходноста од реформи во високото образование како клучен фактор за подигнување на квалитетот во високообразовниот систем на Македонија на европско ниво, се вели во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 16:44
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега