Боки 13 организира хуманитарен перформанс за настраданите во поплавите

Македонскиот шоумен Боки 13 на 15 февруари во конгресниот центар „Александар Македонски (Универзална сала)“ организира хуманитарен сценско-музички перформанс, чиј приход од продадените билети ќе оди за настраданите од поплавените подрачја во Македонија.

На денешната прес конфереција (петок, 06-ти февруари) што се одржа во скопскиот ресторан „Дион“, македонскиот шоумен Бојан Јовановски алиас Боки 13, ги запозна новинарите со поединостите околу најавениот хуманитарен настан во негова организација, кој на 15 февруари треба да се одржи во Универзална сала-Скопје, а целокупниот приход од продадените влезници ќе биде наменет за настраданите во поплавите во Македонија.

„Опцијата за пријавување на други музички имиња од домашната естрада останува отворена, доколку некој од нив со својот хуманитарен настап изрази желба да го даде својот придонес за настраданите од поплавите кај нас“ – изјави Боки, додавајќи дека и нашиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски бил поканет да учествува, но заради престојот во Шведска и обврските околу  евровизиските активности, бил спречен да учествува иако без двоумење ја прифатил поканата.

Музичко -сценскиот настан ќе се темели на стенд ап комедија составена од неколку различни сегменти од актуелните општествено-политички настани видени низ призмата на хуморот на самиот Боки 13, додека помеѓу нив публиката ќе може да ги проследи настапите на неколку македонски музички поп, рок и фолк ѕвезди. Во моментов најавени се: Некст тајм, Наум Петрески, Тамара Тодевска и најверојатно Каролина Гочева, чија продуцентска куќа „Авалон“ треба да го потврди нејзиното учество.

„Што се однесува до гостите од регионот, не е исклучено едно големо музичко име во вид на изненадување да се појави како специјален гостин на настанот вечерта на 15-ти февруари во Универзална сала, но тоа сега за сега е само опција, и ништо пред време не ветувам“ – кажа Боки на денешниот прес.

Новинарите веќе почнаа да шпекулираат дека најверојатно тоа би можела да биде Наташа Беквалац, која е ексклузивец на истата продукција на која Боки 13 е косопственик со најпознатиот српски текстописец Марина Туцаковиќ, за која исто така е најавено дека ќе биде специјален гостин, но само во публика.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба по цена од 250 денари и ќе можат да се набават на билетарницата на салата, како и во „Југотон“ во ГТЦ -1 кат во Сkopje

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега