Червар: Тешко ми е

 

Тренерот на Металург Лино Червар изрази жалење за ситуацијата во која се најде тимот и поради која сите првотимци заминаа.

 Тешко ми е поради нашите играчи. Пет години бевме заедно во клубот со играчите. Создадовме клуб кој двапати беше во ТОП 8 од Лигата на шампионите и еднаш во ТОП 16. Додека постои клубот, ќе сторам се за да помогнам, да ги кренеме овие деца што ќе играат, за да израснат во ракометари, рече Червар.

На прес-конференцијата беа присутни и навивачи, кои со големи емоции побараа од управата одговорност за настанатата ситуација во клубот и пред се за заминувањето на играчите.

-Направивме сѐ за да ги задржиме вашите идоли, но има нешто посилно од тоа… Преговаравме, ги одигравме првите два натпревара, затоа не сакавме да излеземе со официјални информации. Ви се заблагодаруваме за поддршката. Бидете со нас и бидете трпеливи, затоа што верувам дека оваа генерација момци што доаѓа ќе бидат ваши идоли. Колку што вас ви е тешко, нас ни е дупло потешко, им одговори на навивачите претседателот на тимот Левче Китевски.

Металург со најголемиот дел играчи од младинскиот погон ќе го игра утрешниот натпревар од СЕХА лигата со Војводина (почеток 17:30 часот).

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега