Поевтинуваат лебот и печивата

 

Паѓа цената на пченицата на светска берза. За разлика од пред триесетина дена кога немаше пченица под 190 евра за тон, во моментов има пченица и за 160 долари.

Во меѓувреме на пазарот се појавија уште 25.000 тони на пченица која ја продадоа државните стокови резерви, а се нуди и српска пченица по цена од отколку 12 денари за килограм, но таа е пазарен вишок бидејќи нема кој да ја купи, пишува Дневник.

Мелничарите велат дека се зависи од квалитетот и која е намената на пченицата. За кратко најавуваат и корекција на цената на лебот. Можно е истиот да поевтини, но минимално, за еден до 2 денари поради тоа што сега се покриваат загубите кои фирмите ги направиле кога цената на пченицата била 250 евра за тон.

Во тој период цената на лебот и белите печива останала иста.

-Реално треба да се очекува намалување на цената на лебот и белите печива бидејќи пченицата е поевтина за околу 10 отсто. Но за колку и кога треба допрва да се утврди. Реално пченица има во изобилство и кај нас и во соседството. Србите сметаа дека ако ја чуваат, ќе заработат повеќе, но пазарот покажува нешто сосема друго- вели Николчо Георгиев од Мак- млин во Чешиново.

Целиот текст прочитајте го на Дневник

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега