ВАЖНА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Дождот прави проблеми - внимавајте
На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, поради голем одрон сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, за што има поставено сообраќајна сигнализација.
На патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот е во целосен прекин за секаков вид на моторни возила.
Сообраќајот се пренасочува преку Виница - Берово и Делчево.
Поради голем одрон на патниот правец Р-2132 Македонски Брод - Скопје, поточно Близанско - Козјак на 1,6км после браната, има забрана за сообраќај за секаков вид на моторни возила.
Од 01:15 часот магистралниот пат А3 Штип – Делчево е во целосен прекин за сообраќај поради одрон од земја на м.в. Драката атар на Виница, односно е пренасочен по Р 2345 преку с. Бигла.
Сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на коловозот.
На влезот на Богданци од правец на Гевгелија, во должина од 300 метри, сообраќајот е во прекин поради експлозија во фабриката за полнење гас. Во моментов, сообраќај се одвива по стариот пат.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.
Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.
Локалниот пат за с. Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш - Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с. Подареш - Радовиш.
Регионален патен правец од с. Тополчани кон с. Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.
Патниот правец Битола - Старавина Р-1311, 8 км. пред село Новаци затворен е за сообраќај поради висок водостој.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 20 метри има на патниот правец кон Попова Шапка.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за Трговската Индустриска Развојна Зона Прилеп (надвор од зона), од 03.02.2015 год. ќе се започне со геодетско снимање на патниот правец Прилеп - Битола (во близина на бензинска станица Макпетрол) и истите се очекува да траат 3 дена (до 05.02.2015). Работите се изведуваат во временски период од 08:00 до 18:00 часот.
Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. започнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот.
На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Препорачуваме повнимателно возење поради присуство на механизација и работници, а при асфалтирање можни се повремени затворања на патот.
Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец А1 Гевгелија - Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и
- од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Учесниците во сообраќајот треба да се придржуваат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
На 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила,чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Потсетување за сите возачи на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март.
Служба за помош и информации на пат (02) 15 555
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа