Прескокнете го денешното кафе и донирајте - младите од ВМРО-ДПМНЕ помагаат на поплавените
Младите од ВМРО-ДПМНЕ организираа акција преку која ќе им помогнат на сограѓаните од поплавените региони.
-Од вчера започна акцијата од младите за поплавените, каде што на повеќе плоштади во Македонија ќе бидат поставени штандови, на кои сите млади луѓе ќе може да донираат хуманитарни средства за поплавените региони. Со оваа акција, како млади луѓе се обврзуваме да им помогнеме на нашите сограѓани од поплавените региони, истакна Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-За сите млади луѓе кои не се во можност да ги посетат плоштадите и да донираат, ги повикувам да го прескокнат денешното кафе и тие средстав да ги донираат преку телефонските линии, додаде Нелоски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа