Петрова: Лицата кои имаат повеќе договори на дело или авторски договори, ќе треба сами да ги платат придонесите

Лицата кои имаат повеќе договори на дело или авторски договори, ќе треба сами да ги платат придонесите.

Од Управата за јавни приходи појаснуваат дека ако лицето има повеќе договори, од кои еден над минималната плата и уште неколку под загарантираната плата, не може исплатителот да пресметува и плаќа придонеси само за договорот кој е над минималната плата. Самото физичко лице ќе треба во ФПИОМ да го пријави секој нов договор, а ФПИОМ според вкупниот износ од сите договори ќе ја утврди основицата за плаќање на придонесите, која ја плата самото физичко лице.

– Исплатителот, односно фирмата која ангажирала лица со кои имаат склучено договори, имаат обврска да поднесуваат месечни пресметки за секое лице кое има само еден договор. Во овој случај исплатителот има обврска да ги плати пресметаните придонеси. Фондот на ПИОМ има обврска да подготвува и поднсува пресметки за лицата кои имаат склучено повеќе договори, кај кои треба да се направи сумирање на сите договори, за да се состави една месечна пресметка на придонесите, на една вкупна основица за плаќање продонеси.

Земајќи ги во предвид пропишаната најниска и највисока основица, Фондот на ПИОМ ќе ги доставува до УЈП изготвените пресметки, а УЈП ќе ги доставува повратно до ФПИОМ налозите за плаќање на придонесите. Потоа Фондот на ПИОМ ќе ги доставува налозите за плаќање до самите физички лица – хонорарци, кои треба да извршат плаќање на придонесите, изјави Елена Петрова, раководител на секторот за утврдување и наплата на даноци во генералната дирекција на УЈП.

Управата за јавни приходи е подготвена и веќе се примаат првите пресметки. На веб страната објавен е клиентскиот софтер, а во текот на денот ќе биде објавен и калкулатор.. Исплатителот, однопсно фирмата кои ангажирале лица со кои имаат склучено договори, имаат обврска да поднесуваат месечни пресметки за секое лице кое има само еден договор. Во овој случај самиот исплатител има обврска да ги плати пресметаните даноци, што не е случај со лицата кои имаат повеќе автотжрски договори, појаснува Петрова.

Во Фондот треба да се пријавуваат лица кои земаат над минималната загарантирана плата од 9,590 денари. Останатите немаат таква обврска. Придонесите мора да се платат до 15 ти, додека персоналаниот данок од 11,1% се плаќа кога ќе биде исплатена сумата од авторскиот договор. Ако исплатителот го исплата договорениот надоместок во делови, без разлика дали се тие во месечни.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега