Важна вест за сите што мислат да патуваат денеска низ Македонија

Отежнат е сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес, по наплатната станица Сопот, поради голем одрон, по што сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, а има поставено сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.

 

На патниот правец Демир Капија – Корешница укината е забраната за сообраќај на лесни возила.

Поради голем одрон на патниот правец Македонски Брод - Скопје, поточно Близанско - Козјак на 1,6 километри по браната, има забрана за сообраќај за секаков вид на моторни возила.

Сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на коловозот.

На влезот на Богданци од правец на Гевгелија, во должина од 300 метри, сообраќајот е во прекин поради експлозија во фабриката за полнење гас. Во моментов, сообраќај се одвива по стариот пат.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово. 

Поради зголемување на нивото на реката Брегалница, превентивно е затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш. 

Локалниот пат за село Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш - Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку село Подареш - Радовиш.

Регионален патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега