Од утре невреме, потоа пад на температурите - викенд временска прогноза

Нов влажен бран од запад ќе ја зафати Македонија утре во попладневните часови, кој ќе услови облачно време со врнежи од дожд. На планините се очекуваат интензивни врнежи од снег, а локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог.

Утре претпладне, како што информираат од УХМР, врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во југоисточните и источните делови од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови ќе има локални врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет.

Значително постудено со засилен северен ветер и пад на темепратурите не очекува од понеделник.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега