Нова опасност за Битола: Акумулацијата Стрежево пред излевање

Нова опасност за жителите на пелагонискиот регион Могила и Новаци претставува акумулацијата Стрежево која поради обилните дождови и врнежи од снег е полна до критичнното ниво

 

Во езерото Стрежево моментално има над 98 милиони кубици вода а критичното ниво изнесува 119 милиони. Со оглед на тоа што дневно во акумулацијата се влеваат од еден милион до два милиони кубици можно е таа да се преполни. Од тие причини, денеска од Стрежево побараа да се пушта вода од акумулацијата што дополнително би ги загрозила поплавените подрачја. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески нареди стручни екипи да ја испитаат ситуацијата и во овој момент воопшто да не се пушта вода од Стрежево.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега