Не е поради парите- Еве зошто девојките лудуваат по постари мажи

Да, средношколките лудуваат по мажи на факултет, а студентките по позрели, вработени мажи – не е никаква новост, но во прашање е феномен кој на врсниците од овие девојки им е целосно необјаснив, затоа што неретко причината не е во парите.

Она што ги фрустрира многу млади момчиња е тоа што тешко можат да си фатат девојка од својата генерација, затоа што тие, од некоја за нив несфатлива причина, не сакаат ниту да ги погледнат своите врсници, туку бираат постари мажи. Еве во што е работата.

ПОСТАРИТЕ МАЖИ ЗНААТ КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВААТ СО ЖЕНИТЕ

Не станува збор само за пристојност или кавалерско оденсување. И овие особини многу жени ги доживуваат како привлечни, особено кога мажот и` ја придржува вратата на жената. Но, главната причина сепак се крие во спалната соба. Мажите дури во позрелите годни сфаќаат како треба да се задоволи една жена.

ТИЕ СЕ ПОСТАБИЛНИ

И тоа, на повеќе нивоа! Постарите мажи поминале низ многу работи, па помладите жени кои влегуваат во брак со нив можат да бидат сигурни дека тие навистина сакаат да се венчаат. Тие се постабилни во одржување на односот, водењето на финансии, полесно се откажуваат од живеење во минатото, полесно простуваат, ментално се посилни и не се „замараат“ со неважни работи.

ИМААТ ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА

Постарите мажи ретко прават нешто само за да задоволат други. Тие се облекуваат како сакаат и се сигурни дека тоа е во ред. Исто така, полесно се впуштаат во интеракција со други луѓе, без да се грижат што тие мислат за нив.
ПОЗРЕЛИ СЕ

Зрелоста не е прашање на години, но далеку е поверојатно дека попрво ќе ја најдете кај постари мажи. Ако ги занемарите оние кои во пубертет влегуваат на 60 години, веројатноста дека 50+ маж ќе ве посрами со некоја безобразна шега или дека ќе се впушти во натпреварување во пиење на пиво и гласно ждригнување е занемарлива.

ЗНААТ ШТО САКААТ

Ова се однесува, како на спалната соба, така и на она што се случува надвор од неа. Неодлучните мажи не се секси. Одлучните мажи се. И тоа е тоа. Жените не сакаат да губат време со некој кој ќе ги повика на состанок, а потоа цела вечер ќе размислуваат што би можело да се прави и каде би можело да се оди.

УЧЕЛЕ НА СВОИТЕ ГРЕШКИ

Помладите мажи се склони кон повторување на грешките. Кога тоа ќе го сфатат, веќе се во позрели години. Постарите мажи научиле каде грешат, повнимателни се и попромислени. Обично се и помудри, што може да биде мошне привлечно.

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега