Белата куќа: За Атина е важно да соработува со европските партнери и ММФ

 

Во случајот со Грција многу е важно за новата грчка Влада да соработува со европските партнери, како и со Меѓународниот монетарен фонд, изјави претставник на Белата куќа.

Тој истакнал дека минатата недела американскиот претседател Барак Обама побарал помалку рестрикции и повеќе раст за Грција, нагласувајќи дека никој не треба да врши притисок врз земји кои се наоѓаат во вртлогот на голема рецесија. Американскиот потпретседател Џозеф Бајден ќе ја испрати истата порака до европските лидери, меѓу кои и кон германската канцеларка Ангела Меркел.

Се очекува грчкиот проблем да биде тема на средбите, кои Бајден ќе ги оствари со лидерите на Брисел и Германија, како и на состанокот на Обама со Меркел во Белата куќа в понеделник. 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега