Тешка ноќ: Вардар се излеа пред Гевгелија

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози,

Сообраќајот кај клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на коловозот.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

На патниот правец  Демир Капија – Корешница воведена е забрана за сообраќај за патнички возила поради излевање на река Вардар на коловозот.

 

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,

 

како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 00:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега