Нови правила за кабелските оператори во Македонија

Ако кабелскиот оператор ви укине канал може да го раскинете договодор без да плаќате пенали. Ова е само една од новите обврски за операторите, предвидени со новиот правилник на АЕК кој ќе стапи на сила во наредниот период.

Тој предвидува операторите да ви наведат листа на телевизиски канали кои ќе ги емитуваат, и во случај на промена и исклучување на некој од нив, корисникот мора да биде известен и самиот да одлучи дали сака да го продолжи или раскине договорот.

Според новиот правилник претплатничките договори за кабелска и телеофнија нема да може по автоматизам да се продолжуваат, туку корисникот ќе мора да се извести месец дена порано за да ги обнови.

Новини има и во мобилниот роаминг, односно операторите ќе мора да ги предупредуваат корисниците за растечка сметки кога зборуваат или користат интернет во странство.

-Во случај претплатникот да надмине сметка за интернет во роаминг од 1.000 денари операторот задолжително го известува за тоа и го прашува за согласност за натамошно користење на услугата. Ограничувањето за разговори во роаминг е 3.000 денари по што исто така корисникот добива прашање дали сака  да го продолжи сервисот, изјави Роберт Ордановски, директор на АЕК.

Во новите договори операторите ќе мора да ја наведат и минималната брзина на интернетот што ја гарантираат во текот на месецот, која не смее да биде помала од 50 % од наведената.

Лани до АЕК пристигнале 792 приговори од граѓаните за решавање на спорови со операторите, најголем дел од нив  299 биле за мобилниот интернет. Најмногу вакви барања има поднесено во Скопје, Битола и Куманово, а се однесуваат пред се на големите оператори.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 00:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега