Повќе патишта низ Македонија поплавени

Регионален патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – с.Брезница – Кула – Коломонт – Македонски Брод е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт – Близанско.

Ренџерската служба на ЈП ЈАСЕН во рамките на своите надлежности го расчистува патот и непосредно ги известува патниците за движење на овој патен правец.

На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради

поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание

е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега