Штрајкот прекинат - кои барања на СОНК ги прифати Владата?

СОНК потврди дека е прекинат генеалниот штрајк. Од СОНК без детали кои од нивните барања се прифатени. Од таму велат само дека штрајк нема да има и дека со владата е направен компромис.

„По подолга, расправа Советот оцени дека постигнатиот договор, помеѓу СОНК и ресорните министерства по Барањата , кои беа причина за Генералниот штрајк, преставуваат прифатлив компромис и врз основа на тоа , Советот донесе Одлука Генералниот штрајк да биде прекинат во сите основни и средни училишта , како и во градинките. Тоа значи на 4-02-2015 година, редовно ќе се извршуваат работните обврски, согласно наставниот план и програма и работното време, согласно одлуките на секоја установа.“, се вели во соопштението од СОНК.

Меѓу клучните барање на СОНК беа повисоки плати за 25% и укинување на казните за наставниците кои нема добро да ги оценуваат учениците, односно по лошите резултати на екстерниот тест. Дали некое од овие барања е прифатено нема одговор ниту од СОНК ниту од МОН

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега