ЈО: Да запре објавувањето на материјалите од Пуч - тоа е забрането согласно закон

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара веднаш да запре објавувањето и емитувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка.

javno-obvinitelstvo-2

 

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Обвинителството.

Од ОЈО потенцираат дека објавувањето на вакви материјали е забрането и казниво со Закон.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција упати Барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата на која што беше објавен материјалот за негово отстранување како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина“, се вели во соопштението од ОЈО. 

Врз основа на оваа соопштение од Основното Јавно Обвинителство (ОЈО), Press24 ги повлекува видео материјалите кои беа објавени во текстовите. 

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега