Јавното обвинителство ќе ги проверува материјалите од средбата Груевски - Заев

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата меѓу претседателот на Владата Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите.

- Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон. Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали, се вели во соопштението.

Обвинителството, како што е наведено, побарало од МВР да стапи во контакт со мрежата на која беше објавен материјалот за негово отстранување, како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега