Важна вест за возачите: Прекин во сообраќајот на повеќе патишта

Поради попуштање на мостовите на реката Брегалница во прекин е сообраќајот на патните правци Кочани - Зрновци и Трботивиште - Разловци.

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека поради излевање на река Вардар на коловозот сеуште е во прекин сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци - Гевгелија, а забрана за лесни возила има и на патниот правец Демир Капија - Корешница.

Во општина Пробиштип заради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите моторни возила на патниот правец Киселица - Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица - Пробиштип - Леговец - Злетово.

Поради излевање на реката Брегалница превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип - Ново Село. Патниот правец Прилеп-Крушево во прекин е во близина на село Врбјани и меѓу селата Боротино, Обрашани и Кривогаштани. Сообраќајот е во прекин и на патниот правец од селото Тополчани кон селото Клепач поради премногу вода.

Во прекин е и сообраќајот на патниот правец Скопје  село Брезница - Кула - Коломонт - Македонски Брод поради големи одрони од камења на делот Коломонт - Близанско. Ренџерската служба на ЈП „Јасен“ во рамките на своите надлежности го расчистува патот и непосредно ги известува патниците за движење.

На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега