Кесковски: За разузнавачките служби е нормална работа да монтираат материјали

Поранешниот помошник-директор во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, проф.д-р. Златко Кесковски вели дека разузнавачките служби имаат можност да монтираат материјали и поседуваат софистицирани системи за тоа.

-Покрај обработувањето на одредени лица значи подготвуваат компромитирачки материјали, ако во таа обработка нема компромитирачки материјали тогаш секако во нивни интерес и во интерес на она коешто следи и кое што им е целта, тие би монтирале метеријали. Тоа е нормална работа за разузнавачките служби, ништо вонредно.

Тој посочува дека разузнавачките служби ја исполнуваат целта што сакаат на различни начини.

-Ако разговараме за можноста за монтирање и дали монтираат тогаш одговорот е апсолутно Да, бидејќи тоа им е и основната задача, вели Кесковски.

Тој вели дека сите разузнавачки служби во нашите држави поседуваат софистицирани системи.

-Имајќи ги в предвид тенденциите на сите соседни држави во одредени области секако дека имаат сите без исклучок, евентуално можеби најмладата држава што во моментов се создаде на Балканот, можеби нема таков систем, меѓутоа сите софистицираните системи секако се подпомоганти и од некои поголеми сили, смета Кесковски.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега