Цитроен, Пежо, Шкода или Шевролет? - Утре ќе се бираат новите полициски возила
За утре е закажана електронската аукција за постапката за доделување на договор за јавна набавка по огласот 17-19/2013 за набавка на 100 возила во полициска изведба, информираат од МВР.
На јавниот тендер кој го објави МВР, понуди доставија четири компании: Автонова со возило “Цитроен Ц1Х“, Еуроимпекс со “Пежо 107“; Порше Македонија со „Шкода Сити Гоу“ и Авто Македонија со “Шевролет спарк“.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека Комисијата за јавни набавки при МВР ја завршила евалуацијата на пристигнатите понуди и сега следува електронската аукција.
Уредна документација поднеле сите четири компании, што значи дека на утрешната е-аукција ќе учествуваат сите поднесувачи.