Позната пејачка збесна: Зошто ме навредувате?

Познатаат пејачка Мина Костиќ не крие дека е лута и разочарана. Од кога ја има ќерката Анастасија си ја гледа својата работа, со никој не се кара и е посветена на своето дете. Со месеци за весниците не зборуваше ништо, а потоа се појавила на фестивалот „Гранд“ во тесен костим и заинтригирана многумина, па излегоа многу приказни, од тоа дека некогаш била со Шабан Шаулиќ, па понатака.

-Отсекогаш сум била отворена и искрена, со ништо не сум заслужила луѓето да ме навредуваат и да зборуваат лоши работи за мене. Од кога се појавив на фестивалот, по мене фрлаат со камења, иако никого не закачам. Затоа веќе никому ништо нема да кажам. Што треба да објаснувам, кажувам, да се правдам? Мака ми е, помешале баби и жаби. Баш ми е галје, нека мисли и зборува кој што сака, јас во тоа нема да учествувам, вели Мина и додава дека се што има да каже ќе каже преку песна.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега