Најплатените ѕвезди во Србија ги лажат даночните инспектори дека се сиромашни

Најплатените естрадни ѕвезди во Србија почнале да добиваат повици од Даночната управа за да го пријават својот имот и хонорарите, а вчера кај инспекторите на разговор биле повикани Јелена Карлеуша, Мирослав Илиќ и Рада Манојловиќ, објави српски Курир.

Според сознанијата на весникот, повик за разговор добиле и Марија Шерифовиќ и Снежана Ѓуришиќ, но тие не се појавиле.

Според грубите проценки српската естрада годишно затајува и до 87 милиони евра и тоа така што не ги пријавува вистинските приходи, големите вили, јахтите, хонорарите и недвижностите.

Но, српските власти се надеваат дека по овие разговори тоа повеќе нема да биде пракса.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега