Сценарист од „Lost“ го потврди она во кое сите се сомневаa
Продуцентот и сценарист на мегапопуларната серија „Изгубени“ во едно свое гостување во радио емисија зборуваше за детали поврзани со серијата и сите ги изненади, потврдувајќи им го она во кое сите се сомневаа.
Ник Сантора се јавува како продуцент и сценарист на серии како што се „Prison Break“, „Lie to Me“ и „Scorpion“, а тој зборуваше за комплексноста на пишување на Prison Break, серија која ја спореди со Lost.
-Кога пишувавме за Prison Break имавме израз „Без поларни мечки“, референца на (една од многуте непотребни „мистерии“ во) Lost. Се дружев еднаш со еден од сценаристите на серијата, не можам да кажам кој, и го прашав „Како ќе ги одиграте сите овие нешта?“ Ме погледна и ми рече „Нема. Буквално смислуваме најчудни и нелогични нешта, ги пишуваме и не планираме да ги изиграме и објасниме“, вели тој.
По ова, конечно е потврдено - сценаристите на Lost не се грижеле за објаснување на сите „мистерии“ кои ги пласираа, па така фановите може да престанат да бараат логика во секоја чудна ситуација или појава од островот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа