Си го фрлил бебето од прозорец па ги земал другите две деца - детали за таткото-монструм

35-годишниот Борислав Зорниќ кој си го уби бебето старо 15 дена, веројатно нема да биде осуден, но ќе се лечи и ќе се испитува дали бил адекватно лекуван. Тој повеќе пати бил во психијатриска установа.

Според последните информации на српскиот Курир, убиецот се скарал со сопругата, го зел своето бебе во раце и го фрлил од втор спрат. Потоа, го земал и своето двегодишно детенце за рака, но сопругата која уште била во шок успеала брзо да реагира и да го земе детето, по што го зела и нивното 4 годишно дете и избегала кај соседите од рацете на убиецот.

Се претпоставува дека таткото монструм си го задавил бебето пред да го фрли од прозорецот, но тоа ќе го докаже обдукцијата, а сето тоа го направил во момент на растројство.

СОседите ја примиле мајката со децата, па така се спречило да настане поголема трагедија.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега