Дванаесет пожари за девет дена во Куманово
Територијалната противпожарна единица Куманово,од почетокот на годинава интервенирала 12 пати. Кумановските пожарникари интревенирале на запалени оџаци и на моторни возила додека три интервенции биле технички.
- Препораките се дека оџаците треба редовно да се чистат, најмалку два пати годишно.Токму оваа бројка на интервенции покажува дека граѓаните не се однесувале совесно, вели командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Според евиденцијата на кумановската противпожарна единица во изминатата 2014-та биле регистрирани 260 интервенции што е една третина помалку од споредената 2013 година кога биле регистрирани 426 интервенции. Споредено со 2012-та пак е речиси двојно помалку, бидејќи таа година противпожарната единица интервенирала 512 пати. Според командирот Илиевски, намалувањето на бројката на интервенции се должи на намалената бројка на пожари на отворен простор.
- На отворено биле регистрирани 118 интервенции, а во 2013-та 212. Минатата година се случиле 83 пожари на објекти што е незначително намалување во однос на 2013 кога се случиле 97 пожари, истакна Илиевски.
Територијалната противпожарна единица располага со две противпожарни возила за отворен простор, четири возила за урбана средина како и две цистерни.
- Мината година имавме времени вработување. Се надевам дека и годинава ќе се продолжи со истата динамика во насока на подобрување на кадровската екипираност на единицата, бидејќи покриваме територија на три општини, Куманово, Липково и Старо Нагоричане, додава Илиевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа