Фотографија која го обиколи светот: Овие терористи убија 11 лица во Париз

 

Вооружените маскирани лица кои упаднаа во просториите на неделникот „Шарли Хебдо“ на булеварот Ришар леноа во центарот на Париз, и убија 11 лица се терористи, потврди претседателот Франсоа Оланд.

 

Напаѓачите убија девет новинари, еден полицаец пред да стигнат до возилото кое ги чекало, при што прегазиле и еден пешак.

 

Фотографијата на која се гледаат двајца терористи со фантомки на глава и наоружани со калашникови во центарот на Париз го обиколи светот.

Фотографијата е пуштена на твитер профилот на магазинот The Sun.

 

Очевидци тврдат дека прво се слушнале истрели, а потоа и извикувања „го осветивме пророкот“. Инаку весникот  е познат по по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега