Десет лица убиени во престрелка во просториите на францускиот неделник „Шарли Хебдо“

 

Најмалку десет се убиени во редакцијата на францускиот весник „Шарли Хебдо“, потврди париското обвинителство.

Вооружени маскирани лица со калашникови упаднаа во просториите на неделникот „Шарли Хебдо“ на булеварот Ришар леноа во центарот на Париз, по што отвориле оган од автоматско оружје, јавува дописникот на МИА од Париз.

- неодамна двајца мажи со црни качулки влегоа во зградата со Калашникови. Неколку минути подоцна чувме многу истрели, расажа очевидец за француските медиуми.

Претставник на полицијата соопшти дека еден новинар е убиен, а тројца полицајци се повредени.

Претпладнево, две или три маскирани лица тешко вооружени влегоа во седиштето на весникот, каде откако зеле дел од вработените во заложништво, отвориле оган кон присутните. По нивниот напад тие побегнале со друг автомобил, што зборува дека нападот бил подготвен. 

Според сведоците, на местото на престрелката има бројни полициски сили и се слушнале најмалку триесетина истрели.

Сведоци на настанот велат дека напаѓачите не зборувале добар французки јазик и дека ги знаеле имињата на вработените.

Весникот, кој е познат со својот остар тон, на повеќе пати има добивано закани, а пред извесно време беше опожарен и влезот на нивната зграда. Неделникот стана познат по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега