Две лица, меѓу кои и напаѓачот, се убиени при престрелка во воена болница во САД
Вооружен маж отвори оган во воена болница во американската сојузна држава Тексас, при што едно лице загина.
Генерал-мајор Стивен Твити од воената база „Форт блис“ изјави дека и напаѓачот е исто така убиен.
Тој не потврди дали напаѓачот е застрелан од офицерите, кои возвратиле на нападот, ниту соопшти детали за жртвата.
Инцидентот се случи во клиниката за ветерани во градот Ел Пасо, која е дел од воениот медицински комплекс.
Оцени ја веста
07.01.2015 - 10:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа