Благослов од митрополитот Агатангел по повод Божик
Митрополитот повардарски Агатангел до православните верници испрати архипастирски благослов по повод Рождеството Христово - Божик.
- Градејќи заедница со Богомладенецот Христос, да ја зголемиме радоста на брачната љубов, да ја зацврстиме заедницата на семејството, бидејќи духовно здраво и стабилно семејство,води кон духовно здравје и стабилност на Светата мајка наша-Македонска православна црква и на Светата наша татковина, Република Македонија, порача Агатангел.
Не заборавајте, додаде, да ги љубите непријателите свои и да ги благословувате оние кои ве повредуваат или ви чинат зло.
- Токму ова ќе ве разликува од лицемерните и суетните кои се со лица светли, но со срца злобни лажни пророци, со слаткоречиви пораки и ветувања одбегнувајте ги и не следете ги. Хранете се со божествена мудрост и проникливост во секој миг и со секоја воздишка и само така ќе бидеме народ свет и осветен-пример за другите народи и залог за идните поколенија, рече митрополитот повардарски Агатангел.
Оцени ја веста
07.01.2015 - 10:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа