Ми се падна паричката за Бадник - ова е моја година

Месењето на лепче со паричка всушност е симбол поврзан со еден настан поврзан со животот на Св.Василиј Велики па кршењето на лепче со паричка се правело и се прави во чест на денот на Св.Василиј Велики( Василица). Во Скопје и во други градови низ Македонија овој обичај се одомаќинил и станал традиција.

По прекршување на празничниот леб со паричка, членовите на семејството помеѓу себе се даруваат со подароци, особено се даруваат помладите членови. Ова се прави во чест и спомен на тоа што – за нас луѓето и за нашето спасение од отпаднатата состојба на постоење – нашиот Небесен Отец ни го подари својот единороден Син, нашиот Спасител, Господ и Единствен Учител Исус Христос.

Откако ќе заврши вечерата масата останува нераскрената. Оставањето на масата нераскрената ја симболизира “вечната вечера”, односно, нашето вечно љубовно – блажено заедништво со нашиот Бог. Ова вечно љубовно – блажено зедништво е и причината зошто во овој свет како човек се роди совечното Слово и Син Божји.

Се верува дека оној на кој ќе му се падне паричката ќе биде среќен цела година. Може да се прочитаат многу приказни на луѓе на кои по бадниковата вечер, паричката им го сменила животот. Некои велат дека по долги години конечно го нашле својот партнер, токму во годината кога им се паднала паричката. Други пак, по години чекање ја добиле првата рожба. Паричката се поврзува се успеси на сите полиња.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега