Повеќе скопски населби утре без струја

Утре неколку скопски населби ќе останат без електрична енергија.

Утре корисниците од улиците Гвадалахара, Антон Дворжак, Виетнамска, и ул. Патрис Лумумба во општина Чаир ќе бидат без струја.

Во период од  10 до 11 часот корисниците од улиците Мегленска, Кавалска и Милан Мијалковиќ во општина Кисела Вода, а во период од 9 до 10 часот корисниците од улиците Петар Делан, Жил Верн, Трпе Петровски и ул. Јордан Филиповски во општина Кисела Вода ќе бидат без струја.

Потоа во период од 09 до 16 часот, корисниците од село Драчево во општина Кисела Вода ќе бидат без електрична енергија.

  Во период од 13 до 15 часот корисниците од село Студеничани , а од 9 и 30 до 15 часот  корисниците од улиците Гвадалахара, Антон Дворжак, Виетнамска, и ул. Патрис Лумумба во општина Чаир.

 

Потоа во период од  09 до 15 часот и 30 минути дел од корисниците од улица Франц Прешерн во општина Карпош ќе немаат електрична енергија.

ФОТО: Утрински

најчитано сега