Меркел е подготвена: Грција може надвор од еврозоната
Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот министер за финансии Волфганг Шојбле го промениле мислењето и „сега го сметаат подносливо излегувањето на некоја земја од монетарната унија, бидејќи напредокот во еврозоната е постигнат по кризниот самит во 2012година", пишува Spiegel Online. Германската влада верува дека еврозоната ќе биде подготвена да се справи со излегувањето на Грција, доколку тоа биде потребно, пишува во саботата германскиот неделник Der Spiegel, повикувајќи се на извори блиски на владата во Берлин.
„Германската влада смета дека излегувањето на Грција од еврозоната ќе биде речиси незабележливо, доколку опозицискиот лидер Алексис Ципрас (од коалицијата на радикалната левица Сириза –з.р.) ја преземе владата по (предвремените парламентарни) избори, се откаже од политиката на буџетско штедења и не ги врати долговите на земјата", пишува интернет изданието на неделникот.
Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот министер за финансии Волфганг Шојбле го промениле мислењето и „сега го сметаат подносливо излегувањето на некоја земја од монетарната унија, бидејќи напредокот во еврозоната е постигнат по кризниот самит во 2012година", пишува Spiegel Online.
„Ограничен е ризикот од ширење на кризата, бидејќи се смета дека Португалија и Ирска се заздравени. Освен тоа, Европскиот стабилизациски механизам (ESM) е силен механизам за спасување. Големите банки ќе бидат заштитени со банкарската унија", вели соговорникот на неделникот.
Грчкиот парламент се распушти и ги закажа предвремените парламентарни избори за 25-ти јануари, на коишто, според анкетите, би победила опозициската Сириза. Досега владејачката коалиција составена од конзервативците од Нова демократија и социјалистите од Пасок, малку е веројатно дека ќе може и заедно да осигури мнозинство во парламентот, особено што втората е пред распад и со длабоко нарушена доверба кај избирачите
Алескис Ципрас најавува дека сака да стави крај на политиката на строго штедење која на Грција ѝ ја наметнаа странските кредитори, „тројката" – Европската унија, Европската центрана банка (ЕСВ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во замена за заемот од 240 милијарди евра од кои над 110 милијарди се отпишани долгови, од вкупниот долг од над 370 милијарди евра, што ја спаси Грција од банкрот и од излегување од еврозоната, што пред неколку години можеше да го проблематизира и членството во ЕУ.
Ципрас, исто така, сака да испреговара ново реструктурирање на јавниот долг на земјата кој секогаш претставува тежок тег за грчката економија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа