ФОТО: Првото бебенце во Велес женско - нека е живо и здраво!

Градоначалникот Славчо Чадиев, традиционално го посети првороденчето во 2015 година и лично и честиташе на мајката која го доби најубавиот новогодишен подарок. Велешанката Вишња Стојанова на свет донесе здраво женско дете. Тоа е прва рожба на семејството Стојанови кои живеат во Општина Росоман. Првото бебе, тешко 3.120 гр. и долго 52 сантиметри стигна на свет во 17.25 часот на првиот ден од новата година.

 

Градоначалникот Чадиев на првото новороденче му посакадобро здравје и безгрижно детство исполнето со радости. На среќната мајка и врачија пригодни подароци. Новогодишната атмосфера беше искористена и за посета на децата кои се наоѓаат во детското одделение при Општата болница. Ним градоначалникот им подели новогодишни пакетчиња како мал придонес во подигнување на нивото на среќа и радост.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега