Се огласи Јанкулоска - во каква атмосфера помина новогодишната ноќ?

Новогодишната ноќ поминала во мирна атмосфера. Се случиле две нарушувања на јавниот ред и мир. Нападнат е келнер во еден угостителски објект и регистрирана е физичка пресметка меѓу две лица, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која денеска го посети Центарот за информации и команди при СВР Скопје.

Во текот на новогодишната ноќ имало значително помал број пријави споредено со кој било друг ден од редовното полициско работење.

- Во текот на изминатите 24 часа пријавени се само шест безбедносни настани од кои само два во текот на новогодишната ноќ. Двата настана се целосно расчистени и документирани. Евидентно е дека граѓаните прославуваа мирно и весело ја дочекаа новата 2015 година, истакна Јанкуловска, откако беше информирана за безбедносната состојба на територијата на Скопје.

Останатите четири настани кои се случиле изминатите 24 часа се карактеристични за редовното полициско работење, односно евидентирани се разбојништво, тешка кражба, пријавено е едно исчезнато лице и околу 17 часот се случила една железничка несреќа со жртва.

На територијата на Скопје во годината што измина намален е криминалитетот за 24 проценти.

- Во претходниот период состојбите на подрачјето на Скопје се подобрени. Во 2014 година регистрирани се помалку тешки кривични дела на територијата на Скопје, односно 6.521 тешки кривични дела наспроти 9.696 во 2013 година. Истиот позитивен тренд со намалување на бројката се однесува и на разбојништвата и на неколку други карактеристични кривични дела. Единствено во делот на употреба на дрога има благо зголемување меѓутоа тоа е тренд кој за жал е присутен во сите држави, изјави министерката Јанкуловска. 

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега