„Не излегувајте на улица - Столе стана возач“

 

 

Ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов деновиве и официјално стана шофер. Пикерот на Вардар положи за кола, а возачката дозвола која неодамна ја зема е потврда за неговата умешност на патиштата.

"Не излегувајте на улица доколку немате потреба. Столе зема возачка дозвола" е коментарот што е испишан над фотографијата на која ракометарот позира со возачката во раце.

Пикерот размислува каков автомобил да купи, со оглед на тоа што се уште нема миленик на четири тркала, а шоферската умешност планира да ја усоврши на патот до Макарска, Хрватска, каде ќе се упати на одмор веднаш по завршувањето на репрезентативните обврски.

најчитано сега