Кашестиот снег го отежнува движењето на автомобилите
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнето поради остатоците од кашест снег. АМСМ предупредува дека на повисоките места е можна појава на голомразица и препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово каде е можна почеста појава на одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Оцени ја веста
30.12.2014 - 19:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа