Лидерот на Ал Шабаб убиен во Сомалија

 

Лидерот на сомалиската вооружена група Ал Шабаб загина при американски воздушен напад во Сомалија, соопшти денеска сомалиската Национална служба за разузнавање и безбедност.

- Со помош на сомалиската Национална служба за разузнавање и безбедност и американската разузнавачка служба синоќа е убиен лидерот на Ал Шабаб, соопшти сомалиската служба.

Американското Министерство за одбрана вчера соопшти дека презело воздушен напад во Сомалија врз висок претставник на Ал Шабаб.

Загинатиот лидер е познат под имињата Абдишакур и Тахлил и бил шеф на „Амнијат“ елитна единица, која е одговорна за самоубиствени напади во Могадишу.

Ал Шабаб се уште не го коментира тврдењето на сомалиската Национална служба за разузнавање и безбедност.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега