Инспекторите ги фатија препишувачите на екстерното тестирање
Препишување, поткажување, помош од наставниците. Просветните инспектори откриле околку стотина ученици кои на полесен начин сакале да го поминат екстерното тестирање. Од понеделник ќе одат на преполагање. Во вториот испитен рок тестот ќе го решаваат и 15 ијлади основци и средношкоци кои заради оправдани причини не присуствуваа на првиот.
Од министерството за образование, задоволни од спроведување на процесот. Ристовски вели, целта е постигната. Но системот може да претрпи промени. Ќе се разгледува и идејата на СОНК екстерното да се спроведува 4 пати годсишно, односно на секое тромесечие. Со што учениците ќе учат етапно за испитот а не цел учебник на крајот од годината.
Резултатите од екстерното ќе се објават во петок, но само за осмооделенците, кои на 24-ти треба да се зашат во средните училишта. За останатите резултатите ќе се објавуваат од 18 до 21. Списокот на наставници кои треба да се казнат односно кои ставиле 2 оценки помалку или повеќе, или оние кои биле реални, не подарувале оценки и треба да се наградат со поголема плата ќе биде познат за најмалку 2 месеци.