Во прекин сообраќајот кај Катланово поради сообраќајка - еве ја состојбата на патиштата низ Македонија

 

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови и со големи остатоци од снег по коловозите. 

 

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Скопје-Велес пред тунелот Катланово, сообраќајот е во прекин за сите видови на возила. Во моментов се работи на расчистување на незгодата. Поради големи остатоци од снег на коловозот, во прекин за сите возила е и сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека. 

 

СООБРАЌАЈ ВО КОЛОНА

Сообраќајот на патниот правец Велес-Катланово се одвива отежнато и забавено во долга колона. 

 

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА

На патнитe правци Тетово - Попова Шапка, Маврово - Дебар - Струга, Струга - г.п. Ќафасан, на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато поради големи остатоци од снег, има забрани за движење на тешки товарни возила. Забрани за тешки товарни возила има и на регионалните патни правци Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, Сарај-Тетово, Тетово-Пирок-Гостивар, Теарце-Јегуновце-Радуша и Желино-Јегуновце. На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила

 

ВНИМАТЕЛНО

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега