ФОТО: Швајнштајгер секаде ја следи Ивановиќ, па и на тренинг

Германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер и српската тенисерка од јавноста вешто ја кријат својата врска, но фотографиите од Мелбурн го потврдуваат она што целиот свет го знае.

Имено, фудбалерот на Баерн Минхен е на пауза од шампионатот во Германија, па времето го искористи да скокне до топлата Австралија и градот Мелбурн за да и биде придружба на својата сакана.

Швајнштајгер не се криеше од љубопитните погледи на фановите на тренингот на Ана Ивановиќ во Мелбурн Парк.

Баерн со подготовките ќе почне на 7-ми јануари па Германецот ќе може од трибините да ја следи Ивановиќ, поради тоа слободните денови ги користи да го помине времето со својата девојка.

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега