Ги држеле своите деца три години во нечист подрум

Татко и маќеа ги држеле своите две деца на возраст од 10 и 12 години, три години во нечист подрум во предградието на Париз. Децата биле во простор без вода, без струја и тоалет и им била ограничена количината на храна. На крајот постарото дете го пријавило малтретирањето во полиција. Таткото и нивната маќеа, кои се во притвор имаа сослушување на 20 април, поради насилство на малолетници, негрижа и скратување на храната. Децата биле жртва на насилство, чиј степен треба да се утврди. Малтретирањето на деца, како што се претпоставува, почнало кога ги напуштила нивната мајка наркоман и дошла маќеата 44 годишна жена без работа. Маќеата, има два сина, едниот седум години и другиот седумнаесет, кои според сознанијата на француските медиуми не биле малтретирани. За да го оправда малтретирањето на своите две деца таткото 39 годишен водоинсталатер, изјави дека неговите деца биле неподносливи и дека кршеле се пред нив.  

 

најчитано сега