Во Велес промовирани шест книги со Брајово писмо за лица со оштетен вид
Во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска Здружението на слепите лица промовираше шест книги од македонски автори отпечатени со Брајово писмо, наменети за лицата со оштетен вид.
Книгите се дел од Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков“ од Велес која со овие книги брои вкупно 17 книги. Денеска беа промовирани книгите: ,„Печалбари“ од Антон Панов, „Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, „Пустина “од Горги Абаџиев и „Три секунди“ од Игор Крајчев.
Тони Пајдаков,секретар на Здружението, посочи дека книгите се отпечатени со Брајов печатар кој минатата година го набави Општина Велес.
- Слепите лица и лицата со оштетен вид до пред некоја година не можеа да читаа книги на Брајово писмо на македонски јазик,освен на српски и бугарски. Со отворањето на оваа Брајова библиотека „Ратко Пајдаков“, во склоп на градската библиотека, за нивна голема радост се реши овој проблем.А библиотеката и понатаму ќе ја снабдуваме со нови брајови книги,како и нови аудио книги, потенцира Тони Пајдаков.
Овие шесте книги на Брајово писмо се издадени со помош на Маркетите „Жито“, „Леов Компани“ и од неодамнешниот хуманитарен продажен саем на храна на учениците од ООУ „Блаже Конески“,а се наметеи за околу две ипол илјади лица во земјава со попреченост и оштетен вид.
Печатени се по десет примероци, од кои пет ќе бидат доставени до Универзитетска библиотека во Скопје, една во велешката Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Брајовото катче, а останатите четири се на располагање на слепите лица од Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа